Градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски заедно со стручните служби од Општината, изврши обиколка и увид во тековните градежни работи за асфалтирање на дел од улиците „Ацо Шопов“ во населба Куков Дол, улица „Климент Охридски“ во населба Цонев Рид и дел од улица „Горан Стојановски“.
Активностите се одвиваат согласно тековната динамика, а временските услови се поволни и соодветни за непрестани градежни потфати.
Граѓаните на овие три населби, по долгогодишните и децениски проблеми, конечно ќе добијат асфалтирани и урбано опремени улици.