Откако и вчера инспектори на АХВ и полициски службеници имаа неуспешен обид за одземање на кравите во Крива Паланка, на социјалните мрежи се споделува фотографија од крава усмртена на коловоз во Крива Паланка.
Засега нема официјална информација дали во незгодата се повредени возачот и сопатниците од возилото кое удрило во животното.
Проблемот со кравите кои слободно се движат низ градот трае подолг период. Граѓаните реагираат дека добитокот често може да се забележи на улици, во близина на станбени објекти и на сообраќајници, при што се прават материјални штети и се загрозува безбедноста во сообраќајот.
