Кр.Паланка: Не му се допаднала песната, фрлал со шишиња и чаши кон диџејката

На 01.01.2018 година во 01.30 часот во Полициската станица Крива Паланка Е.С. (24) пријавила дека истиот ден околу 01.15 часот во угостителски објект во Крива Паланка, каде што пуштала музика, лицето А.Н. (24) од с.Опила започнал да фрла со шишиња и чаши кон нејзе затоа што не му се допаднала песна.

Екипа на Полициската станица Крива Паланка излегла на местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување  на случајот, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e