-Изјава на Зоран Граороски-Претседател на независен синдикат на пожарникари.
Професионалните територијални единици како и ТППЕ-Прилеп,11 години неможејќи да ги бара своите права од страна на работодавачите поради една спрега на власта и синдикатот во кое беа поставувани луѓе блиски до предходната власт, ние како вработени во ТППЕ-Прилеп бевме оштетувани со месечните примања и бонус плата за секоја година за прекувремените работни часови.
Благодарение на разбирањето и добрата волја од страна на градоначалникот Илија Јованоски, во 2018 година за прв пат ни беа исплатени по една бонус плата.
Денес е доставена целокупната документација за работните часови за 2018 година за добивање бонус плата до правните служби на општина Прилеп, се со цел до крајот на Јуни пожарникарите кои имаат исполнети работни часови ќе можат да си ги добијат оние средства кои со закон им следуваат.