Конечно добра вест: Отворен оглас за вработување на 5600 работници во зоната во Ранковце

По долги административно технички работи, конечно привршува изградбата на дел од фабриките во зоната во Ранковце каде според ветувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, на неколку дена пред гласањето во 2014г, требаше да се отворат 5600 нови работни места.

Бидејки во реонот околу зоната, т.е Ранковце и Крива Паланка, нема толку невработени кои чекаат работа во бирото за вработување, Груевски најави дека ке се вработат лица од Кратово, Пробиштип, Куманово и околните општини.

Сето ова би било одлична вест доколку е точна, односно даденото ветување не било однапред добро осмислена лага во очи на оддржување на изборите, па затоа ние го користиме денешниот датум, 1-ви април, денот на шегата (или лагата, како сакате) да ве потсетиме дека на политичари кои по секоја цена сакаат да останат на власт, не треба да им се верува воопшто.

На видеото подолу погледнете го ветувањето на Никола Груевски кое никогаш не се оствари:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e