До министерството за внатрешни работи од страна на група граѓани поднесено е барање за испитување на оригиналноста на свидетелствата и факултетската диплома на кандидатот за градоначалник на Општина Ранковце од редовите на ВМРО -ДПМНЕ, Роберт Симоновски.
Според групата граѓани, Симоновски е вработен во Царинска управа на Република Македонија на граничниот премин Деве Баир на позиција за која е е потребно завршено високо образование. Тие сметаат дека тој таква диплома не поседува односно истата ја има купено. Според нив Симоновски немал завршено ниту основно училиште.
Во продолжение ви го пренесуваме целото писмо интегрално, онака како што ни беше доставено:
Како група граѓани од Крива Паланка сме загрижени за некои криминалци што се прават во царина поточно ве известуваме дека вработен во царина на терминал Деве Баир лицето Роберт Симоновски е вработено со фалц свидетелство за завршено осмо одделение и фалц диплома за завршено средно образование. Истото лице нема завршено осмо одделение редовно или вонредно и за истото има купено свидетелство за пари, исто така нема завршено средно училиште ни вонредно ни редовно и за истото за пари има купено диплома за средно школо.
Па како орган надлежен за гонење на криминал ве известуваме и бараме од вас да извршите контрола во царина поточно за горенаведените свидетелство и диплома дали се легални дали се запишани во главна книга од каде се издадени, и на кој начин и од кои школи ги има купено за пари горе наведеното лице. Исто така бараме да ги проверите сите овие криминали и превземете мерки за откривање на истите