Камион усмрти жена на пешачки во Гостивар

Во 13.40 часот вчера било пријавено дека во Гостивар, на улица „Браќа Ѓиноски“ товарно моторно возило „Мерцедес“ со приколка со гостиварски регистерски ознаки, управувано од 51-годишниот А.Т. од Гостивар, удрило во пешак.

Се работи за 65-годишната П.Ц. од Гостивар.

Од здобиените повреди на местото на настанот починала П.Ц.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e