На 02.03.2020 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 20.15 часот, помеѓу железничко стојалиште Скопје и железничко стојалиште Лисиче, од непознати лица бил каменуван возот кој сообраќал на релација Скопје – Битола.
Притоа, на возот било оштетено едно странично стакло, а откако било утврдено оштетувањето, возот продолжил со движење кон Битола.
Се работи на расчистување на случајот.