Кај 55-годишен жител на Богданци пронајдена марихуана и катран

На 10.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Г.А.(55) од село Стојаково, општина Богданци.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, семки од марихуана и катран. Лицето било лишено од слобода и приведено во Полициската канцеларија Богданци, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e