Излезноста во Крива Паланка до 15ч е 50.78%

До 15 часот излезноста на предвремените парламентарни избори во Третата избирна единица е 31.77%, велат податоците од Државната изборна комисија.

Со највисока излезност е општина Крива Паланка каде до 15ч гласале 8,625 избирачи, односно излезноста е 50.78%. Во Пробиштип излезноста е 44.32%, Свети Николе 39.42%, Ранковце 38.9%, Штип 37.83%.

Досега до ДИК, како што рекоа на прес-конференција, не се доставени приговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e