Излетал со „бмв“ – Загина 44-годишен скопјанец на патот Скопје-Тетово

Возач го загуби животот откако вчера попладне излетал со автомобил од обиколницата Скопје – Тетово.

Полицијата информира дека несреќата била пријавена кај нив во 15:50 часот.

-Во близина на клучка Мирковци, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(44) од с.Сарај, скопско излетало од патот. На местото на несреќата починал возачот Р.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, информира МВР.

По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e