Изгореа три автомобили во центарот на Охрид

Три возила изгореа во пожар, што се случил ноќеска околу 1 часот кај поранешниот полигон за мали спортови. Две се целосно изгорени, додека третото делумно. На местото на настанот интервенирала противпожарна служба која го локализирала пожарот.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски го потврди настанот. Тој истакна дека во тек е увид кој треба да ги утврди причините за пожарот во кој изгореа возила.

Според првичните информации од истрагата, причина за пожарот е неисправна инсталација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e