Изгореа четири камиони во Бутел

Четири камиони изгореле на плац во Општина Бутел во Скопје, соопшти доцна синоќа Противпожарната бригада на Град Скопје.

„Интервенција на паркинг за камиони во населбата Бутел. Запалени 4 товарни возила марка ’волво‘. Брза и навремена интервенција спречи палење на повеќе паркирани камиони и приколки“, известија од скопската пожарна.

Според информациите објавени синоќа околу 12:30 часот, пожарот бил ставен под контрола и пожарникарите продолжиле да работат на негово целосно гаснење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e