Исчезна 16-годишна штитеничка на СОС Детското село

16-годишна штитеничка од СОС Детското село во Скопје е пријавена за исчезната, вчера во полициската станица Гази Баба од страна Установата за згрижување на деца и младинци без родители СОС Детско Село. 16-годишната М.С., која повеќе пати самоволно се оддалечувала од установата и била пронаоѓана и враќана од страна на полицијата, повторно е пријавена за исчезната. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.
Истиот ден, во 15:10 часот во полициската станица во Кисела Вода вработена во Центарот за социјални работи на град Скопје пријавено е дека од установата се оддалечила 17-годишната С.Е.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e