Градоначалникот Трајковски присуствуваше на новогодишна забава во Дневниот центар – Делчево

Со почеток во 11:00 часот во Дневниот центар – Делчево се организираше предновогодишна забава од страна на корисниците на дневниот центар. На настанот присуствуваа гости од ЕЛС Делчево и градоначалникот Горан Трајквоски, претставници на веледрогеријата ЗЕГИН и други гости.

И оваа година традиционалано од страна на Општина Делчево во соработка со приватни компании од Делчево беа обезбедени новогодишни пакетчиња кои градоначалникот ги подели на корисниците на дневниот центар. Воедно тој ја искористи можноста да поразговара со нив и меѓусебно си разменија искрени жеби за здравје, среќа и многу успеси во Новата година.

Од страна веледрогеријата ЗЕГИН, Т-мобиле Македонија и Трендком Делчево истотака се обезбедени новогодишни пакетчиња кои беа поделени од Дедо Мраз. Целиот настан помина во една позитивна празнична атмосфера.

DSC_0013_resize

DSC_0009_resize

DSC_0008_resize

DSC_0007_resize

DSC_0004_resize

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e