Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски позитивен на коронавирусот

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски соопшти дека е позитивен на коронавирусот.

Ве информирам дека по појавата на втор позитивен случај на COVID 19, од редовите на општинската администрација, вчера на сопствена иницијатива направив тест, кој е позитивен, истакна Мицевски.

„За таа цел во следниот период се повлекувам во домашна изолација.
Во исто време сите вработени од денес 02.09 до 09.09.2020 ќе бидат ослободени од работните обврски, а општината нема да работи освен за итни и неодложни потреби.
Екипи на Јавно Здравје веќе прават целосна дезинфекција на работните простории и возниот парк.
Никој не е имун! Носете заштита и почитувајте ги препораките на Комисијата за здравство“, потенцираше Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e