Денеска градоначалникот Борјанчо Мицевски ја прими младата Ана Стојановска, пингпонгарка на Пингпонгарскиот клуб Крива Паланка. Стојановска која беше во придружба со тренерот на клубот, Виорел Уце, од 2 до 5 ноември во Сплит ќе учествува на квалификациите за Олимписките игри за млади кои во 2018 година ќе се одржат во Буенос Аирес, Аргентина.
На квалификациите секоја земја има право на по еден свој претставник, а пријавени се 32 млади пингпонгари од кои првите четворица од квалификациите ќе се изборат да играат на Олимписките игри. Пријавени се најдобрите млади пингпонгари од цела Европа.
За што подобро претставување на нашата земја Ана Стојановска од 19 до 24 октомври беше на припреми во Зрењанин (Србија), со најдобрите европски тренери од Војводина.
На средбата градоначалникот Мицевски им врачи плакети за постигнатите резултати на Ана и тренерот Виорел Уце.