Градоначалникот Бочварски на средба со претставници на ООУ „Славејко Арсов“ за добиено зелено знаме

ООУ „Славејко Арсов“ минатиот петок во Скопје доби зелено еко-знаме како резултат на постигнување на еколошки успеси и постигнување на стандарди во оваа област. Тоа беше повод денес да имаат средба со градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.Како што беше кажано зеленото знаме е резултат на многу активности во областа на екологијата, поаѓајќи од еко-акциите па се до замена на прозорци, врати, поставување на штедливи чешми и друго.

Важноста на знамето е две години а доколку истото се добие три пат по ред, статусот останува траен, напоменаа на средбата претставниците на училиштето.

Градоначалникот Бочварски напомена дека екологијата е важен сегмент и дека тој и општината ќе поддржуваат вакви активности а се размислува и за изнаоѓање на странски партнери или донатори за проекти за еко-фасади и други проекти кои се во насока на развивање на еко свеста и заштита на животната средина. Учениците на градоначалникот му врачија и примерок од првото издание на училишниот весник.

zname2 resizezname3 resizezname4 resize

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e