Гостите од Електростаљ одржаа концерт пред струмичката публика

Во рамките на престојот во општина Струмица, членови на делегацијата, вокални солистки од градот Електростаљ од Московската област на Руската федерација, синоќа, во летниот амфитеатар во градскиот парк, одржаа концерт за граѓаните на Струмица. Концертот на гостите се одржа по повод Денот на ослободувањето на Електростаљ од фашистичките окупатори. Струмичката публика уживаше во настапот на руските солистки и нивниот репертоар на песни.
Инаку, во рамките на неколкудневниот престој, претставниците на Електростаљ и на општина Струмица, реализираа повеќе средби и активности, со што уште повеќе ја зацврстија соработката воспоставена во 2013 година.

21765480_1408099399243486_2407535779144383817_o
21752663_1408099109243515_6627105515502208019_o
21741195_1408099155910177_6950823966875335356_o
21741026_1408099459243480_5528123326516621638_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e