Гостин се заканувал со нож на келнер во Чаир, настрадал друг гостин

Вистинска драма вчера се случувало во угостителски објект на улицата „Втора македонската бригата во Скопје. Гостин со остар предмет му се заканувал на келнерот, но настрадал друг гостин.

-Вчера околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Втора македонска бригада“, М.Ж.(32) од Скопје со остар предмет се заканувал на вработениот Љ.В.(66) и на гостите. Според пријавеното, Т.Н.(55) од Скопје, гостин во објектот, обидувајќи се да го запре М.Ж., бил нападнат со остар предмет од друг гостин, С.Б., при што се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e