„Генералка викенд“ во Крива Паланка на 6.мај

Општина Крива Паланка се вклучува во најголемата акција за чистење – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД.
Акцијата е планирана за 6 Мај, петок, 2022 – 9:00 часот.


– Да излеземе масовно и да го собереме отпадот од нашата околина – да допринесеме за поздрава и позелена иднина за сите! Целта е да се собере што е можно повеќе отпад што ќе заврши во најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад, велат од општината.
По акцијата, на пладне, Општина Крива Паланка организира забава и еко-прослава на градскиот плоштад “Сончева тепсија”.
-Со секои 10 кг. отпад придонесуваме во засадувањето на новите пристапни шуми “СОНЧЕВА ГОРА” – национални зелени споменици што ќе растат секоја година.
Акцијата ќе ги обедини сите општински институции, компании и поединци.
-Со ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022 да ја подигнеме јавната свест за собирање и рециклирање на отпадот, за позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина, велат надлежните.

Настанот е организиран преку заедничко партнерство со Пивара Скопје, ПАКОМАК и МЕН ЕНД МАУНТЕН ( #Manandmountain).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e