(ФОТО+ВИДЕО) Општина Струмица: Проширување на канализациската мрежа

Продолжува изведбата на водоводната и канализационата инфраструктура за станбените комплекси во поранешната касарна.

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започна со поинтензивни активности на просторот на поранешната касарна каде што согласно новите урбанистички планови се градат повеќе станбени комплекси. Според Андреј Тошев, раководител на одделението за проектирање, надзор и контрола во ова јавно претпријатие, со тоа се наметна потребата од проширување на водоводната и канализационата инфраструктура.

-Со овие активности започнавме уште во 2014 и 2015 година кога се изведе околу 3.500 метри водоводни и канализациони линии во вредност од 12.500.000,00 денари, инвестиција на општина Струмица и од минатата и оваа година се продолжи согласно втората фаза од договорот за изведба на водоводна и канализациона инфраструктура во овој реон и со овој договор се планира да се изведат вкупно 5.123 метри водоводни и канализациони цевки во вредност од 24.561.000,00 денари. Досега, од оваа активност има изведено околу 1.859 метри и до крајот на оваа година би требало да се заокружи оваа градежна активност во целина. Сите овие активности се искоординирани со плановите на општината, односно, согласно приоритетите и плановите за асфалтирање на улиците. По завршувањето и поставувањето на нашата инфраструктура, улиците ќе се тампонираат и асфалтираат од страна на општината, рече Тошев.

17626195_1246011532118941_6535570824654938542_n 17629874_1246011542118940_5347093772423371671_n

17458293_1246011538785607_7598140510876046558_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e