(ФОТОГАЛЕРИЈА) Во недела јубилејно издание на „Невестинско поклонение 2019“ во кривопаланечкото село Конопница

И годинава, претстојнава недела, кривопаланечкото село Конопница, поточно црквата посветена на „Св. Теодор Тирон“  ќе биде домаќин на јубилејното издание на манифестацијата „Поклонение на Свети Теодор Тирон“.

Традиционално оваа манифестација која низ годините прераснува во бренд не само на кривопаленчкиот туку и на целиот североисточен крај, па дури и и бренд на земјата, се одржува ден после верскиот празник Тодорова сабота. „Невестинско поклонение“ е возобновена врз основа на вековната традиција каде што младите невести меѓу двете Тодорици заедно со своите свекрви облечени во традиционалните народни носии го изведувале поклонението пред црквата Свети Теодор Тирон.

Programa_TT2019-1024x767

-Подготовките се пред самиот крај, на 17-ти март ќе се реализира 10-тата јубилејна манифестација на која за првпат очекуваме да имаме учеснички од Културните манифестации кои се инспирирани од богатите свадбени обичаи во Македонија, како што се Шопската , Малешевската и Галичката Свадба. Исто така од оваа година манифестација најверојатно ќе добие меѓународен карактер затоа што на пријавените невести од Виница, Штип, Скопје, Ранковце, Крива Паланка ќе им се придружат и учеснички од Бугарија и Србија. Според најавите за викендот се најавува многу убаво време со вистински пролетни температури, очекуваме дека дефилето од десетина пара снаи-свекрви ќе биде проследено од голем број на кривопаланчани, гости, и добронамерници од земјата и странство. – информира Стојанче Величковски, иницијатор и координатор на манифестацијата.

Возобновената манифестација има за цел да прерасне во регионална манифестација преку која ќе се презентираат, свадбените традиции, народните носии и традиционалните обичаи.

Величковски е задоволен од растот и развојот на манифестацијата во изминатата деценија.

Да задоволни сме од развојот на овој по многу нешта оригинален туристички бренд не само за Крива Паланка туку за Североисточниот регион воопшто, но бидејќи бројот на посетители на манифестацијта постојано од година на година е во пораст ние во иднина ќе се ангаѓираме како најдобро инфрастуктурно да го уредиме просторот за прифаќање на сите добронамерници од една страна и за создавање на услови за што поавтентично изведување на обичајот од друга страна. – вели Величковски. 

Низ годините „Невестинко поклонение“ добива поддршка од локалната самоуправа на Крива Паланка.

-Особена благодарност изразуваме на Општина Крива Паланка која како покровител на манифестацијата ги цени нашите напори и ни дава поддршка и не охрабрува да продолжиме да ја развививаме и афирмираме оваа уникатна културна манифестација којашто на многу суптилен и оригинален начин го негува начето нематријалното културно богатство.
Оваа година, за одбележување е и зголемениот интерес на Месната заедница и локалното население поактивно да се вклучи во создавање на услови за што подобра организација на манифестацијата, која во одредени сегменити е подджана и од Центарот за култура и Градскиот музеј на Краива Паланка.
За што сме особено благодарни на нашите предци кои содавале традиции во кои се содржана огромна мудрост за градење на добри односи во семејството и зачувување на семејните вредности со прененесување од постарите на помладите генерации. – истакнува Величковски.

Манифестацијата е со почеток во 13 часот на денот кога во дворот на црквата тардиционално ќе одржува народниот собир во чест на светецот Св. Теодор Тирон.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата од „Невестинско поклонение 2018“ пренесена низ објективот на Стојанче Величковски:

28471895_1437295599729702_7492253452258396096_n 28378681_1437292126396716_2019818193060417326_n 28378665_1437295853063010_8172744997211050086_n 28378170_1437294289729833_1920086925942981178_n 28378075_1437293743063221_1225594693135535297_n 28277363_1437295476396381_2773476774333795289_n 28471828_1437293573063238_7224009751239498734_n

28471538_1437296503062945_5706116510129299938_n 28280082_1437293089729953_7316707090971569521_n 28280043_1437293359729926_7973825455792609491_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e