Денеска во Крива Паланка започна првата од предвидените осум акции кои се организираат за почиста Крива Паланка.
Акциите се организирани од страна на општинската администрација на општина Крива Паланка а во нив учество земаа и претставници на различни групи на граѓани, политички партии, млади, пензионери, здруженија на граѓани…
Акциите се насловени како „Општина без смет за поубав свет“ а целта е да се исчисти градот но и да се промовира општествена одговорност и подигање на општата свест кај населението за зачувување на природата.
Во продолжение распоредот на следните акции и фотографии од денешната прва акција која се одвиваше во м.в Осичка Маала и Домачки Дол.