(ФОТО) За само еден месец набавени вкупно пет возила за потребите на ЈП “Комуналец” од Кр.Паланка

Едно ново и едно поволно возило за собирање на смет од денес го надополнуваат возниот парк на ЈП “Комуналец” од Крива Паланка. Двете возила се набавени со сопствени сретства од буџетот на претпријатието во висина од околу осумдесет илјади евра.

54515746_987433678312272_5276049486966161408_n

-Возниот парк досега располагаше со три возила за собирање смет со старост од над две децении, кај кои често се јавуваа дефекти. Сега старите се во функција, а новите современи возила прилагодени за конфигурација на теренот во градот ќе го олеснат работењето на претпријатието-рече директорот на ЈП “Комуналец” , Миле Марковски.

55587669_1997260873903384_3246991917111574528_n

– Со денешните две за еден месец се набавени вкупно пет возила за потребите на ЈП “Комуналец” што не е направено во изминатите триесет години, изјави градоначалникот на општина Кр.Паланка, Борјанчо Мицевски.

Мицевски најави дека покрај двете возила за смет, ново и половно, набавени со сопствени средства, наскоро ќе биде набавено уште едно ново возило, со донација од Јапонската амбасада во државата, со средства од Светска банка преку Министерството за финансии ќе се набави ровокопач, што општината и ЈП “Комуналец” ќе го користат заедно со Ранковце и Кратово, исто така ќе се реализира и набавка на половно возило комбе-форд.

54525510_581481045665862_3431981892331634688_n

Од фирмата од која се купени возилата добиени се и пет специјални контејнери-садови за селекција на стаклена амбалажа-отпад, како и триесет корпи за селекција на отпад кои ќе бидат дадени на користење на фирми и правни субјекти.

54520778_500743610455961_2136671733552250880_n

Градоначалникот на општината се надева дека покрај поголема техничка опременост на претпријатието ќе се зголеми и еколошката свест на граѓаните и ќе се подобри комплетно еколошката слика за градот.

Набавката на возилата е извршена од фирмата добавувач “Еко-клуб”, Битола.

54256399_320705175306935_7184577625816301568_n

Половното возило е марка Нисан, со капацитет од 4,5 метри кубни, додека новото е произведено во Турција, со капацитет за смет 8 метри кубни, со Еуро дизел 6 стандард, најсовремено возило кое се користи во Европа, со сензори и безбедносна  камера за евентуални проблеми-изјави Владо Петкоски, комерцијален директор на Еко-клуб.

55765377_261659788054455_459528042876764160_n

Од истоимената фирма беа донирани и 6 светлечки тела за осветлување на “Шанин мост” во центарот на градот Крива Паланка.

54522917_1509490725849652_2261447096211079168_n

Автор Р.А

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e