(ФОТО + ВИДЕО) Одбележани 205 години од делото на Јоаким Крчовски

Секоја општина има свои вредности и значајни обележја кои ја величат. За општина Крива Паланка, таква вредност е  името и делото на Јоаким Крчовски. На просторот на кој се пресретнувале и вкрстувале различните култури делото на даскал Хаџи Јоаким Крчовски ќе го пресретне и означи почетокот на новото време во македонската културна историја.

60847722_1065867470276793_1183926946531115008_n

По повод одбележување на 205 години од делото на Јоаким Крчовски денеска во општина Крива Паланка беше промовирана и книгата “Јоаким Крчовски во народната и духовната традиција”, чиј автор е Д-р Јордан Михајловски.

61120079_403191673606537_8395751681664483328_n

Воведен збор имаше градоначалникот на о.Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој свечено  се обрати на присутните,  Митрополит Кумановско-Осоговски, господин Јусуф, претставниците од Македонската-Православна Црква, општинската администрација и гости од соседна Р.Бугарија.

Во овие моменти верувам и кај вас како и кај мене навираат низа на емоции и чуства, бидејќи она што денес го правиме како Локална самоуправа, како Градски Музеј и Македонска-Православна Црква е нешто како копнеж кај секое живо битие дали порано, или подоцна го чуствуваме и се навраќаме, а тоа е културниот идентитет на нашето постоење-истакна градоначалникот Мицевски.

glavna

Моштите на Св.Јоаким Крчовски се во паланечката црква Св.Димитрија, токму тоа беше и основниот мотив да  самите на себе си дадеме една морална поткрепа за сето она што сме го имале во текот на историјата, за нашето битие и постоење, но сето тоа да го обновиме како колективна меморија и да го пренесеме на идните генерации-додаде Мицевски.

На промоцијата свое предвање имаше и Проф. Д-р Лилјана Гушевска од Институтот за национална историја-Скопје.

Промотор професор Д-р Маја Јакимовска Тошиќ од Институтот за национална литература-Скопје беше даден вовед за книгата на авторот Јордан Михајловски.  Додека, пак, самиот автор започна со истакнување на периодот  и просторот на кој се пресретнувале  и вкрстувале различните култури, како и за делото на Хаџи Јоаким Крчовски кое го означува почетокот на новото време во македонската културна историја.

60711756_440408400084904_3989737980456599552_n

-Оваа пригодна книшка посветена во чест на 205 годишнината  од отпечатувањето на неговото прво книжевно дело Слово исказаное заради умирание, во 1814 година, ни од далеку не го исцрпува интересот , и сознанијата за неговиот живот и дело. Таа е повеќе симбол на нашата благодарност и почит кон него како деец, поклоник и свештеник, учител и преродбеник, книжевник и духовник и на неговото возвишено и благородно дело .Воедно ова е и израз на роднокрајна должност, истражувањето да се насочи кон осветлување  на нови моменти од неговиот живот ,народната и духовната традиција  и родословието со цел да се пополни една празна страница од неговата биографија-рече авторот Јордан Михајловски.

61081780_3059013800780674_4116865116882862080_n

По повод свеченоста  за ликот и делото на Јоаким Крчовски, денеска, исто така, беше одбележан и денот на ОУ “Јоаким Крчовски” кое бележи 71 година од постоењето. По тој повод во училишниот двор се наоѓа биста, која денеска и официјално беше откриена од страна на Директорот на училиштето, Дане Петровски и градоначалникот на општината, Мицевски.

60907844_689008994888760_1459225777449992192_n

Со кратка програма учениците преку  песни и рицитали го истакнаа големото дело на Јоаким Крчовски. Преку нив уште еднаш не потсетија и го оживеаа аманетот и делото на нашиот прв преродбеник даскал Крчовски. Ова наследство треба да се чува . Од даскал Јоаким Крчовски ја разбравме смислата на животот-судбината на јазикот е судбината на народот!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e