(ФОТО) Сугаревски од Кр.Паланка: Ова се многу важни избори, затоа што земјата чекори во вистински правец, патот кон НАТО и ЕУ

Денес, заедно со градоначалникот, Борјанчо Мицевски и  директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов бевме во обиколка на градежните активности за изградба на експресниот пат Крива Паланка – Ранковце, инвестиција во висина од приближно 58 милиони евра а знаете дека инфраструктурата е главен приоритет на нашата Влада, порача министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски на синоќешната средба со жителите на населбите Житни магацин и Илинден.

IMG_1245

– Во овој регион се вложуваат големи средства во делот на изградбата на патната и железничката инфраструктура. Да споменам дека се интензивира изградбата на железничката пруга од Куманово до Бељаковце, обезбедивме и средства за втората делница од Бељаковце до Крива Паланка  за која очекуваме до крајот на годината да се отпочне со градежните активности. За третиот дел од делницата Крива Паланка до ГП Деве Баир, се обезбедуваат средства од Министерството за финансии така да очекуваме дека решавање на проблемите на граѓаните кои живеат во овој регион, истакна Сугаревски.

IMG_1262

Министерот Сугаревски уште еднаш посочи дека ова се многу важни избори, затоа што земјата чекори во вистински правец, патот кон НАТО и ЕУ е трасиран а изборот кој треба да го направиме на 21 април да биде за вистинската личност, Стево Пендаровски,кандидатот на СДСМ и Коалицијата.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов пред насобраните кривопаланчани рече дека со изградбата на овој експресен пат ќе се овозможи брза врска на Пан-европскиот коридор 8 и отворање можности за подобрување на економските врски со Европската унија. Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е со должина од 25 километри и вкупната вредност на инвестицијата изнесува 58,5 милиони евра.

IMG_1306

– Ова е најзначаен проект за економски развој на регионот а жителите овде добиваат модерна патна инфраструктура и европско поврзување. По решавање на проблемите кои изминатиов период ги имавме со експропријацијата, во периодот кој следи изведувачот ќе може со максимални напои и заложба  да ги интензивира работите околу  доизградбата на оваа делница, потенцира директорот Китанов.

IMG_1259

Во своето обраќање пред насобраните граѓани, градоначалникот Мицевски рече дека станува збор за крупна инвестиција со големи финансиски средства која општината ја немала од осамостојувањето .

IMG_1273

– Во тек е изградба на втората делница од пругата Бељаковце – Крива Паланка во висина од 150 милиони евра, изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка тежок околу  56 милиони евра, изградба и рехабилитација на трета лента кон ГП Деве Баир. Потоа рехабилитација на постојниот пат од Ранковце кон Крива Паланка во висина од 10 милиони евра, инвестиции од околу 300 илјади евра во регионот Куманово-Страцин, реализирани активности во делот на регионалните патни правци кон селата Огут и Луке, или инвестиции повеќе од 230 милиони евра на градежните активности во Крива Паланка и околината.

IMG_1270

Градоначалникот Мицевски ги повика кривопаланчани на 21 април да го направат вистинскиот избор ,за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски, кој се залага за едно општество за сите, без поделби и еднаквост, добри односи со соседите и наскоро, Македонија земја членка на НАТО и ЕУ.

IMG_1257

IMG_1258

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e