(ФОТО) Пристигна нов современ ренген апарат во Здравствениот дом во Кр.Паланка

Во ЈЗУ Здравствен дом – “Академик Проф. Д-р Димитар Арсов“ – Крива Паланка, пристигна нов современ ренген апарат.

50612223_2047644608657583_5961999890631360512_n

Досегашниот стар 20-тина години кој беше донација од Јапонската амбасада веќе два месеци не е во функција.

Заложбите на директорот на оваа здравствена установа како и брзата реакција на министрите Николовски и Филипче вродија со плод.

Пациентите веќе нема да имаат потреба за ренген снимки да патуваат во Кратово и Куманово.

51349544_2214668885440599_1678343773257465856_n

Новиот ренген апарат е во фаза на монтажа и се очекува за околу една седмица да биде пуштен во употреба.

51333508_1995152463937692_3168843891944194048_n

Исто така, од значаен интерес е што во Здравствениот дом од неодамна започна да работи и логопед, со што најмладите пациенти – дечињата од оваа општина ќе добијат соодветна грижа при нивното лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e