(ФОТО) Планираните активности за подобрување на патната инфраструктура во Крива Паланка во завршна фаза

Општина Крива Паланка минатата година започна со голем број градежни активности за подобрување на локалната патна инфраструктура, како и подобрување на состојбата на патиштата во руралните средини. Дел од градежните акивности се целосно завршени, а останатиот дел се во завршна фаза.

57251120_359632587987525_3113182558897045504_n

По програмата за одржување на локалната патна инфраструктура, започнати и целосно завршени се дел од улиците “Херој Карпош”, “Ацо Шопов”, “Горан Стојановски”, “Климент Охридски” и “8-ми Септември”. Тампонирана е и улицата “Коце Металец”, а во тековниот период ќе биде и асфалтирана, исто како и улицата во село Конопница. Во еден дел од село Трново, поточно кон црквата и училиштето, извршено е тампонирање, направени се две паркинг проширувања, а асфалтирањето е во завршна фаза. Активностите во ова место се започнати од минатата година.

57170549_380667639451061_530815892875902976_n

Минатата година започна да се работи и на патната инфраструктура во руралните средини, при што дел од активностите не беа во целост завршени заради лошите временски услови. Досега прочистени се патните правци во село Луке, село Подржикоњ, а наредниот период ќе се продолжи со активности во село Крстов Дол. Исто така, расчистени и тампонирани се патните правци во село Нерав.

57006239_316285749057292_8492307086258995200_n

Лошите патни правци претставуваат дополнителен проблем кој го отежнува сообраќајот, заради што од оштината уверуваат дека со исто темпо на расчистување и тампонирање ќе се продолжи и во останатите рурални средини.

56806454_290693295179098_8692501142627680256_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e