Со низа манифестации денеска во Македонија и Европа се одбележува 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Денот на Европа е ден кога се одбележува европскиот идентитет и заложбата за заедништво на сите народи на стариот контитент.Зачетоците на одбележувњето на овој ден датираат од 1950 година.
69-те години од оснавањето на ЕУ, денеска ги одбележаа сите градови во државата. Со достојна манифестација се славеше 9 Мај, европски симбол, што заедно со заедничката валута –еврото, знамето и химната, го претставуваат полтичкиот идентитет на Европската Унија.
И општина Крива Паланка се приклучи во славењето на големиот Европски ден. Манифестацијата беше отворена со македонската химна, а веднаш потоа следеше обраќањето на градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој зборуваше за заемното разбирање, почитување, соработка и слобода, како вредности на Европската Унија. Овој европски ден има големо значење за нас како народ и секој треба достоно да го одбележува, бидејќи ЕУ не е само идеа ,туку континуитет по кој се стремимиме и тежнееме години наназад. ЕУ е многу повеќе од тоа. ЕУ значи еднаквост, солидарност, разбирање, хармонија, владеење на правото, соживот за сите-рече Мицевски во своето обраќање.
На манифестацијата учество земаа дечињата од детската градика “Детелинка” и децата од ОУ “Јоаким Крчовски”, кои имаа подготвено точки во чест на овој ден.
Во чест на Денот на Еврпа денеска во Македонија беа организирани повеќе од 30 настани , организирани и подржани од Делегациата на Европската Унија во Македонија, во соработка со повеќе амбасади, општини и организации. По тој повод во 12 часот членовите на ЕУ Инфомрежата организираа настани во повеќе градови, Дебар, Охрид, Кавадарци, Гевгелија, Битола, Тетово, Гостивар, Кочани, Струмица, Крива Паланка,Велес и Куманово. Имено станува збор за најразлични настани од спортот, културата, бројни дебати, предавања ,натпревари, и локални фестивали, чија цел е доближување на процесот на евроинтеграциите до граѓаите.