Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Александар Наумовски денеска со жителите на „Бетонски згради“ – Хром, ја разгледуваше можноста согласно планската документација да се надмине проблемот со паркирање. Како што изјави Наумовски направена е анализа, постои решение за проблемот и тој ќе биде надминат.