Кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, заедно со носителот на советничката листа Изабела Павловска и дел од кандидатите за советници денеска ги посетија Здружението на пензионери и Здружението на трудови инвалиди.
– Ова се луѓе кои во Крива Паланка зад себе имаат оставено големи успеси. Не смееме да го заборавиме трудот кој тие го вложиле за сегашните генерации да имаат подобар живот.
За нив во програмата предвидено е:
-Академски совет на пензионери
-Бесплатна волонтерска медицинска помош и достава на лекови
-СОС телефон за помош на стари лица во руралните средини
– Модернизирање на ентериерот на Клубот на пензионери со набавка на нов инвентар, телевизори и друга потребна опрема
– Изградба на дом за стари лица во село Конопница и реконструкција на домот за стари и изнемоштени лица
-Уредување на паркот пред пензионерскиот клуб и опремување на паркчињата со табли за шах – Организирање на пензионерски патувања
– Враќање на проектот селски лекар, неделни посети на лекари во високите планински места и рурални средини, и дотур на лекови по селата
– Организирање на спортски и културни активности, потенцира Мицевски.