Одлично напредуваат градежните работи за изградба на новата детска градинка во Стајковци. Изведбата се одвива со полна пареа и според предвидената динамика се очекува да биде готова до крајот на октомври, оваа година.
Градинката која претходно со години беше само ветување за граѓаните од овој регион, сега станува реалност.
Оваа градинка ќе се простира на површина од 1230 квадратни метри и ќе згрижи вкупно 140 деца. Ќе има 6 занимални и една група јасли.
Со ова се решава еден голем проблем и се става крај на маката на родители да патуваат со километри за да ги однесат децата во градинка, бидејќи ќе имаат во својата околина.
Проектот чини 30 милиони денари, средства кои што се издвоени од буџетот на општина Гази Баба.
Паралелно се работи и на проширување на детските градинки Морковче и Калинка, со што заедно со сместувачкиот капацитет во градинката во Стајковци, се отвораат вкупно 220 слободни места за децата, а со тоа драстично ги намалуваме листите за чекање при упис во градинките.
Општина Гази Баба и понатаму продолжува со обезбедување на простор за згрижување на најмладите во сите населени места затоа што секој заслужува да има градинка во своето населено место.