Една од ветените работи во изборната програма на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, беше и дека транспаретно и заедно со граѓаните ќе се носи општинскиот буџет, со цел во буџетот да се најдат средства за приоритетните проекти на граѓаните.
За таа цел, денеска, беше организирана средба со жителите на месните заедници “Васил Доганџиски” и “Тошо Арсов”.
“Носиме буџет заедно со граѓаните. Имавме одлична дебата со месните заедници “Васил Доганџиски” и “Тошо Арсов”. Ги слушнавме нивните приоритети. Продолжуваме понатаму”, истакна градоначалникот Бочварски.