Денеска, министрите Оливер Спасовски и Љупчо Николовски на покана на градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски присуствуваа на прекрасната манифестација “Невестинско поклонение” во село Конопница!
– Убаво е чувството да се потсетиме на нашата богата традиција и на традиционалните обичаи по повод верскиот празник Тодорова сабота. Денеска по повод празникот во црквата Свети Теодор Тирон во село Конопница, присуствував на на десеттата јубилејна културна манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон 2019“, во организација на општина Крива Паланка. Нека е за многу години денешниот празник! – изјави министерот Николовски.