Денеска во трговскиот центар Лептокарија во Општина Карпош се отвори промотивниот штаб на СДСМ и коалицијата, штаб кој ќе биде отворен за сите граѓани на општината.
На отварањето присуствуваа стотици подржувачи на СДСМ како и граѓани на Карпош.
Добредојдовте во епицентарот на победата во Скопје – општина Карпош, им порача Богоев на присутните уште на самото отварање.
Кандидатот за градоначалник во ова општина, Стефан Богоев заедно со Петре Шилегов и носителот на советничката листа, Душко Велковски порачаа дека на 15-ти октомври од Карпош ќе започне победата во цело Скопје.
Богоев од присутните побара поддршка за спас на зеленилото во општината, решавање на сообраќајниот хаос и грижа за сите генерации.