Како и секоја година и годинава се одржа Априлијада во чест на 1-ви Април денот на шегата. Општина Крива Паланка и овојпат достојно го организираше 1-во априлското дефиле на кое учество земаа дечињата од основните училишта и градинките, како и од домот за деца со посебни потреби. Најмалите покажаа дека и годинава имаат одличен избор на маска.
Триумфираа маските на ликовите од цртаните (Маша и Медо, Пепа Прасе и сл), на хероите од филмовите (Спајдермен, Супермен, Бетмен, Капетан Америка и сл), но имаше и доста други препознатливи и уникатни маски во кои е вложено време и труд за нивна изработка.
Децата од основните училишта имаа рачно изработени маски, кои беа направени со помош на наставниците и родителите. За пофалба беа и најмалите учесници од градинкте, бидејќи и кај голем дел од нив, преовладуваа рачно направените маски: Пингвини, Индијанци, Сонца, Часовници, Арапи, Принцези, Вештерки и многу други, беа само дел од изработените маски кои со гордост ги носеа дечињата.
Ова е доказ дека првоаприлскот маскембал, во суштина не треба да подразбира трошење сретства, за да се има најубавата маска. Најуникатното е секогаш најпримамливо за човечкото око. Доказ за тоа е и минатогодишната победничка маска, овцичка (рачно изработена). Во организација на општината, учесниците се забавуваа со другарчињата, кловновите Биди и Бади, играјќи, пеејќи, кажувајќи првоаприлски шеги. Оваа година сите маски беа победнички, бидејќи немаше избор на најубава, најуникатна маска. Основните училишта и Домот за деца со посебни потреби добија благодарници во знак на учеството.
Се надеваме дека Априлијадата ќе им послужи на дечињата како мотивација, за следната година да бидат со уште подобри маски од претходната.