(ФОТО + ВИДЕО) Бугарскиот маратонец Красимир Георгиев на патот кон Драч ја посети и Кр.Паланка

Познатиот Бугарски маратонец Красимир Георгиев, месецов ја минува рутата од Бугарија кон Северна Македонија до Албанија со цел промовирање на пан-европскиот транспортен Коридор  како и промовирање на добрососедска политика и унапредени добрососдски односи меѓу трите балкански земји. Маратонецот проектот го запчна на 7 Мај од Црното Море и ќе трае до 25 Мај.

Општина Крива Паланка беше еден од градовите што се дел од рутата на маратонецот Красимир.

60624726_449304289173909_3114401689658982400_n

Општина Крива Паланка е град кој претставува источна порта кон Европската Унија и град низ кој минува Коридорот 8, поради тоа неизбежно се најде на мапата на движење на бугарскиот маратонец.

Маратонецот Красимир денеска пристигна во општина Крива Паланка во 13.30 и беше достојно пречекан од градоначалникот Мицевски кој му подари симболични подароци во име на општината и му посака успешно да го продолжи понатамошниот пат до Драч кој е целта каде на 25 Мај е предвидено да се сретнат тројцата премиери, на Бугарија, Бојко Борисов, на Северна Македонија, Зоран Заев и на Албанија , Еди Рама.

60645005_2177682095877963_481822449311154176_n

-Сакам да го поздравам подвигот на бугарскиот маратонец Красимир и да му посакам успешно продолжување. Чест ми е што маратонецот на ваков начин реши да го промовира Коридорот 8 .

Му  посакувам уште многу енергија и да го издржи сето ова што го започна, како општина му посакуваме уште многу вакви хумани подвизи во животот- изјави градоначалникот Мицевски.

Мицевски истакна за инвестициите во патната инфраструктура, односно експресниот пат на кој се работи последната година а има за цел да ги поврзе двете земји Бугарија и Северна Македонија.

60646944_2422294191135028_8417591289716932608_n

Бугарскиот маратонец ,пак,  се заблагодари на Мицевски за приемот и придружбата на мадите спортисти кои му се приклучија во трката од Граничниот премин до општина Крива Паланка.

Маратонецот Красимир беше поканет и на денот кога ќе биде отварањето на неколку спортски терени кои се дел од инвестиците на Р.Бугарија.

60249011_427337331161170_8394628281428606976_n

За мене е важно не само да го промовирам Коридор 8 , туку важно е ние како народ да се соединиме, да покажеме дека сакаме да знаеме повеќе еден за друг, бидејќи сме соседи-рече Георгиев.

Тој нагласи дека никогаш досега нема истрчано ваков пат од 1300 км, но за него ова е предизвик. И пкрај тоа што незнае дали ќе го издржи патот сепак сака да се потикне себеси на овој предизвик и апелирање и до останатите секогаш да се предизвикат на нештата што ги сакаат.

Бугарскиот маратонец вечерва ќе одмори во Манастирот Св.Јоаким Осоговски а во утринските часови ќе го продолжи својот пат.

60224730_326712138005255_1406119009346125824_n

Со ултра- маратонот,Георгиев, од Црното Море до Јадранското Море, ќе мине низ 20 градови, а рутата е со вкупна должина од 1.300км.

Целта е во Драч. Георгиев ги подржува заедничките напори на трите земји за исполнување на инфраструктурниот проект преку Коридорот 8, кој ќе донесе серија придобивки  за Западен Балкан и ќе ги поврзе трите соседски балкански земји.

Маратонецот се надева дека ќе привлече многу млади ентузијасти  во својата авантура кои ќе се приклучат на патот на поврзување и обединување, кон вредностите што заеднички ги делиме на патот кон ЕУ. Бугарскиот маратонец Красимир имал многу слични подвизи до сега . Имал успешен  хуманитарен маратон, трчал  345км, а собраните сретства ги  донирал за болните деца од рак во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e