Саша Богдановиќ, синоќа, заедно со носителот на советничката листа, Јана Белчева-Андреевска присуствуваа на навистина уникатна изложба, промоција на “Македонски архитектонски атлас” во кој се претставени стотина архитектонски дела на јавни згради од цела Македонија.
“Беше интересно да се видат тридимензионални модели од зградата на Нова Македонија, Музејот на Македонија, Спомен куќата на Тоше Проески и многу други. Автентичноста на архитектонскиот израз е нешто за што треба води грижа секоја локална самоуправа”, пренесува впечатоци од посетата кандидатот за градоначалник на Општина Центар.