Физичка пресметка меѓу двајца малолетници

На 30 јануари 2020 околу 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус бр.67, кај Транспортен центар во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца 17 – годишници од с.Моране и од с.Студеничани, скопско.
Според пријавеното, малолетникот од Моране со остар предмет му нанел повреди на малолетникот од Студеничани. По настанот, повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, а напаѓачот бил лишен од слобода и приведен во Полициска станица Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e