Финансиската полиција го чешла работењето на Арсенчо Алексовски

Денеска четири инспектори од финансиската полиција ја посетиле општина Крива Паланка и побарале неколку предмети да им бидат доставени на увид. Ова денеска во изјава за медиумите го призна, актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Инаку, Алексовски, претседавачот на советот на општината, Борче Стојчевски и директорот на ООУ Јоаким Крчовски, Драган Ристовски, веќе заработија кривични пријави од страна на полицијата за злоупотреба на службената должност и овластување, во врска со превозот на учениците.

Како што дознаваме, МВР во моментот води неколку истраги за работењето на градоначалникот Алексовски но и за можно незаконско работење на дел од неговите фирми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e