Изградбата на пречистителна станица за вода за пиење во Делчево конечно станува реалност. Конечно ќе се реши деценискиот проблем на жителите со достапот до чиста вода за пиење. Проектот за изградба на пречистителна станица се работеше подолго време од страна на претходниот градоначалник Шехтански, така и со сто процентна подршка на сегашниот Градоначалник , Горан Трајковски.
Денес во кабинетот на градоначалникот Горан Трајковски се водеа прелиминарни разговори за предвидената динамика за реализација на проектот . Проектот предвидува изградба на нова пречистителна станица за вода за пиење со која ќе се подобри самото водоснабдување. Со ова како што рече претставникот на швајцарската амбасада Клиф Хамер е предвидено да се обзебеди чиста вода за пиење не само на граѓаните на Делчево туку и на жителите од селските средини. Средствата за реализација на проектот е донација од швајцарската конфедерација во висина од 6 милиони швајцарски франци, Владата ќе учествува исто така со сопствени средства во висина од 1,4 милиони франци, додека контрибуцијата на општина Делчево во овој проект ќе изнесува 30.000 швајцарски франци. Главен партнер за реализација на проектот е ЈПКД „Брегалница“.