Филмски грабеж во Стопанска банка

Експозитурата на Стопанска банка во Аеродром денеска беше ограбена.

Според официјалните информации од МВР разбојникот влегол во банката и со закана со оружје од вработените ги украл парите од пултовите. Иако од МВР нема официјална информација, колку пари се украдени, неофицилјано станува збр за сума од околу 14 илјади евра. Полицијата направи увид на лице место.

Експозитурата на Стопанска банка веднаш по грабежот е затворена за работа со странки се до расветлување на случајот, а вработените вознемирени не сакаа да ја коментираат целата ситуација во која се нашле.

Вооружен грабеж сред бел ден како на филм се случил овде во оваа експозитура на Стопанска банка која се наоѓа во населбата Аеродром. Филмското сценарио насилникот го реализирал околу 11 часот и 30 минути кога со оружје влегол во банката и од вработените украл пари.

Освен грабежот на експозитурата на Стопанска банка, пред неколку дена МВР соопшти и дека на еден банкомат во населбата Аеродром беа поставени нелагалнини додатоции на банкомат, со кои се врши скенирање на картичките. Денеска од МВР информираа дека преку Секторот за меѓународна полициска соработка лицето било идентификувано, а било потврдено дека истото тоа лице било приведен на 14.05.2016 година во Букурешт исто така, по поставување скимер уред на банкомат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e