Филипче: Здравствениот дом во Кр.Паланка НЕМА да се затвора и ќе продолжи да ги дава истите услуги на пациентите

Со измената на Законот за здравствена заштита од оваа година првпат во нашата земја, секој млад лекар добива шанса да се ангажира во системот на јавното здравство. Секој лекар, кој ќе го заврши лекарскиот стаж и ќе добие лиценца за работа ќе се вклучи во системот на здравствените домови, ќе биде платен за својот труд и ќе почне да стекнува искуство во брзата помош, вакциналните пунктови и во системот за патронажна нега. Со оваа реформа, младите лекари добиваат можност да стекнат искуство, да бидат платени за својата работа и да добијат можност за вработување веднаш по завршувањето на стажот.

57456821_2379259615458133_7800227695542927360_n

-Во 2018 година реализирани се 8 вработувања во Здравствениот Дом во Крива Паланка. Набавен е нов RTG апарат и нов EKG апарат, со што подобрени се условите за работа на медицинскиот кадар. На средбата со раководството на јавно здравствената установа разговаравме за системот на ротација, во кој лекарите од Универзитетските Клиники ќе одат во болниците на секундарно ниво и ќе пружаат здравствена заштита на пациентите од овие региони, информира министерот за здравство, Венко Филипче, при денешната посета на Крива Паланка.

57262757_2379259445458150_4458146976319406080_n

Министерот беше категоричен дека овој Здравствен Дом нема да се затвора и истите услуги кои досега беа давани ќе продолжат да се даваат на пациентите од оваа општина и околните места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e