Граѓаните на Штип, по социјалните мрежи жестоко се спротивставија на како што велат, манипулациите на Илчо Захариев.
Имено, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Штип, Захариев, објави дека според него, активисти на СДСМ делеле пропаганден материјал со негово име и презиме, со реден број 19.
Но од спротивниот табор веднаш му возвратија со доказ и потсетување дека, токму Илчо Захариев на минатите избори како кандидат за градоначалник беше под редниот број 19 и дека пропагандниот материјал што го објавува Захариев е всушност од 2013г.
На ова реагираше и кандидатот на СДСМ, Благој Бочварски.
“Во паника од катастрофалниот пораз што го чека на 29ти земал запалка од 2013 година кога тој беше број 19 на ливчето и ме обвинува мене.
Арно кажаа неговите криминалец невиден” – напиша Бочварски.