Фронтлајн пренесе дека денеска БЈБ на чело со Сашо Тасевски во масивна полициска акција во околината на Струга пронашле огромни количества оружје и муниција. Откако добила оперативни сознанија од теренот, македонската полиција утринава пронашла сандаци со муниција во кои имало и РПГ гранати.
Во тек е ископувањето каде што првично е пронајдено оружјето и муницијата. Само до овој момент биле пронајдени 30 сандаци со муниција, во кои имало и неверојатни 100 ракетни гранати и 16 рачни ракетни лансери.
Ископувањето на оружјето и муницијата е во тек, се очекуваат нови информации и официјално соопштение од МВР.