Кастм кар рејсинг тим на својот Фејсбук профил информираше дека денеска на ридско-брзинската трка во Пробиштип загина едно лице, кое било прегазено од автомобил Хонда на целната рамнина. Како што пренесува порталот Аберџија, настраданиот бил редар на трката, а по ударот од автомобилот паднал во бездна. Тој починал на пат кон болницата. Oд МВР засега нема детали за несреќата.