Две воспитувачки во градинка во Чаир позитивни на Ковид-19

Уште две воспитувачки позитивни на коронавирусот во детската градинка Петар Пан во општина Чаир, 4 деца се во самоизолација. Според информациите што ги потврдија од градинката за ТВ 24, се дека уште една воспитувачка самата побарала да биде во самоизолација бидејќи била во контакт со заболените.

„Во моментов во нашата градинка се згрижени вкупно 47 деца, а кадарот се состои од 6 негувателки и 8 воспитувачки. Бидејќи двете воспитувачки се потврди дека се позитивни на коронавирусот, уште една нивна колешка самоиницијативно побара да биде во самоизолација бидејќи имала контакт со нив. Засега градинката продолжува нормално да работи со почитување на сите протоколи.“

Во кумановската градинка Развигорче пак Вкупно осум деца од две јаслени групи и шест негувателки од објектот се во изолација, откако една негувателка била позитивна на коронавирусот.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека состојбата во градинките е стабилна и дека институцијата со која раководи, заедно со Министерството за здравство будно ја следи.

„Ние будно ја следиме состојбата зошто градинките беа првите установи за деца кои беа отворени на некој начин тоа беше првиот чекор за нормализација на општеството во период на пандемија. Досега состојбата во градинките е стабилна. Последната информација вели дека од отворањето на градинките досега 10 деца и 21 вработен се регистрирани позитивни и се во добра здравствена состојба. Голем дел од групите кои беа затворени заради некој позитивен случај делумно се вратени со работа. Бројките на изолирани деца поради коронавирусот се 150.“ – изјави Шахпаска.

Според неа, децата кои биле позитивни, не ја стекнале инфекцијата во градинка. Во моментов, вели Шахпаска, децата се безбедни во градинките и ако се почитуваат сите протоколи за нивна работа ризикот е минимален.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e