Двајца пешаци тешко повредени во сообраќајки

Двајца пешаци биле тешко повредени откако биле удрени од автомобили, вчера во Прилеп и Гостивар.

Вчера во 20.40 часот во прилепското село Обрашани, автомобил „голф” со битолски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(51) од прилепското село Пашино Рувци,  удрил во пешакот П.Ш.(53) од село Обрашани. Од ударот пешако бил тешко повреден по што бил однесен во болницата во Прилеп.

Истата вечер околу 23 часот на булеварот Гоце Делчев во Гостивар, автомобил „цитроен” со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(49) од Гостивар, удрил во пешакот З.А.(66) од гостиварското село Трново.

З.А. се здобила со тешки повреди и и била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e