Во Скопје нови случаи на ковид 19 во училиште. Наставничка од основното училиште „Владо Тасевски“ од општина Карпош е позитивна на коронавирусот, потврдија од општината, пренесе 24.мк.
Станува збор за наставничка по англиски јазик во 2 одделение. По консултација со епидемиолог учениците од ова одделение нема да одат во самоизолација бидејќи наставничката контакт со заразено лице имала надвор од училиштето.
Уште еден случај на заразен наставник има и во општина Центар. Во основото училиште „Димитар Миладинов“, наставникот по физичко, од петокот е асимптоматски случај со ковид 19.